ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот на ФФМ, Сејдини: Ке разговараме со Ангеловски

Во емисијата „200“ што се емитува вечерва на Алсат во 22.00 часот, гостин ќе биде Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија. Првиот човек на домашниот фудбал, зборуваше за успесите на Фудбалската федерација во рамките на нејзиниот мандат, потенцирајќи дека првото ветување со оглед на тоа дека Македонија ќе се квалификува на голем фудбалски настан, сега е исполнето. Според Сејдин, сега останува да се подобри фудбалската инфраструктура во Македонија, за да можеме еден ден да уживаме во квалитетен фудбал на европскиот стадион. Сејдини не го игнорираше прашањето за избор на нов селектор на Македонија, бидејќи договорот на Игор Ангеловски истекува на 31 декември. Целосниот разговор можете да го следите вечерва на АЛСАТ, во 22.00 часот.

„Првично ќе разговараме со Игор Ангеловски и потоа ќе одиме со други варијанти. Шпекулациите што излегуваат,   имаше шпекулации за Просинечки, ќе излезат и други шпекулации, но нека знае јавноста дека првин ќе разговараме со Игор Ангеловски и доколку не се согласиме, тогаш ќе ги продолжиме разговорите.

Дали имате план Б…

Муамед Сејдини- претседател на ФФМ

Не сакам да шпекулирам но целата јавност знае дека ако не е Игор Ангеловски, кој ќе биде ..

Кој ќе биде?

Муамед Сејдини- претседател на ФФМ

Не … ќе видите ..

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button