ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го одреди 17 октомври како датум за одржување локални избори во земјава

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го одреди 17 октомври како датум за одржување локални избори во земјава. 30 дена пред изборите се предлагаат листите за општински советници и советници во Собранието на Град Скопје, додека изборната кампања треба да започне на 27 септември. Иако денеска се распишуваат локалните избори, преговорите за измените на Изборниот законик предложени од Владата се замрзнати во Собранието. Пратениците се на колективен одмор. На прашање на Алсат дали овие измени ќе бидат усвоени по враќањето на пратениците, претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека не верува дека политичките партии би се согласиле за таков процес.

„Не верувам дека во период по распишување на изборите ќе има политички сили кои ќе инсистираат на промена на правилата среде изборниот процес кој започнува од моментот на објавување во службениот весник. Затоа предлагам да нема такви процеси.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button