МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Советот на Град Скопје ги избегна новинарските прашања

Претседателот на Советот на Град Скопје, Зоран Глигоров, замина од прес конференцијата без да одговара на нивинарските прашања. Во своето излагање рече дека блокадите во главниот град се од политички и личен интерес на поединци и апелираше МВР да реагира согласно законските овластувања.

„Го повикуваме МВР, согласно законските овластувања, да преземе мерки, бидејќи одреден приватен личен интерес, прави штета на градот, на граѓаните и на сите жители на Скопје. Застојот е поради политички блокади и личен интерес на поединци коишто го загрозуваат јавниот интерес“, рече Глигоров завршувајќи ја прес конференцијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button