ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Причина за смртта на најголемиот број млади во трагедијата во Кочани е гушење со гас со јаглерод моноксид

Причина за смртта на најголемиот број млади во трагедијата во Кочани е гушење со гас со јаглерод моноксид

Институтот за судска медицина денеска излезе со извештај во врска со обдукцијата на 59-те жртви од трагедијата во дискотеката во Кочани. Директорот Александар Станков изјави дека причина за смртта на настраданите е гушење од гас јаглерод моноксид, кој бил испуштен од палењето на материјалот од објектот.

Advertisements

Станков рече дека при обдукцијата кај три жртви биле констатирани скршеници на ребрата кои биле предизвикани од прекршувањата на толпата при обидот да ја напуштат дискотеката.

Паралелно со обдукцијата, Институтот изврши и идентификација на жртвите, покрај методите и документите за препознавање, со ДНК тестирање и дактилографска или верификација со отпечатоци.

Во текот на идниот период, судска медицина ќе продолжи да врши токсиколошки анализи, со цел да се утврдат сите супстанци во крвта на настраданите./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button