МАКЕДОНИЈА

Пријави за тепачки низ Скопје за новогодишната ноќ

Иако синоќешната прослава на Нова Година, од Министерството за внатрешни работи ја оценија како една од најмирните новогодишни ноќи досега, сепак во полицискиот билтен не изостанаа пријави за нарушување на јавниот ред и мир и физички пресметки.

Во билтенот на МВР има повеќе пријави за тепачки во текот на вчерашната ноќ, а најголем дел се во Скопје.

Еден од случаите бил регистирран во 01:30 часот кога било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Т.(22), од една страна и А.П.(18) и Ѓ.П.(22), од друга страна, сите од Скопје.

Пријавена и тепачка пред угосистелски објект во Центар. Според билтенот на МВР, вчера во 18:15 часот Ф.Н.(23) од Скопје пријавил дека околу 17:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од С.Р.

Друг случај во СВР Скопје е регистриран вчера во 23:40 часот, кога С.Р.(27) од Скопје пријавил дека околу 20:00 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар, тој и неговиот татко Г.Р. биле физички нападнати од неколку лица, кои биле ангажирани како обезбедување во објектот, при што на Г.Р. му бил одземен и часовник.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button