ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приклучете се на барикадите! Мицкоски со повик до политичките партии

Сите партии, без разлика дали се леви, десни или од политичкиот центар да се приклучат на барикадите, повика лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на својата прес конференција на која најави блокирање на Скопје и на 10 градови низ Македонија.

Како што образложи Мицкоски, таквиот чекор се презема откако партијата добила сознанија од високи дипломатски извори од Брисел и од официјална Софија дека барањата коишто се составен дел од Декларацијата усвоена во бугарскиот парламент ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button