ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прилеп може да се стави во карантин

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски, бара општината да биде ставена во карантин. Според него, ова барање е поради  енормното зголемување на новозаболени со „Ковид-19“, оптеретувањето на болничките капацитети и предупредувањата за трет бран, што според него може да биде уште пофатален за Прилеп.

Кризниот штаб го прифати неговото барање. Прашањето треба да се дискутира прво во Министерството за здравство, а потоа и на состанокот на Комисијата за заразни болести, која треба да даде конечен став  врз основа на епидемиолошкиот преглед. Извори од Комисијата велат дека за ова прашање ќе се дискутира во петок. Прилеп минатиот месец забележа огромно зголемување на бројот на новозаболени. Вчера дури шест пациенти заболени од Ковид починаа во еден ден, а од почетокот на пандемијата има 120 смртни случаи. Бројот на активни случаи е близу 1.000, додека по Скопје, Општина Прилеп регистрира најголема инциденца на заразени со 100 илјади жители, односно, стапката на инциденца достигнува 2.820. Во последните 10 дена во Прилеп е регистрирана највисока смртност во споредба со другите општини.

 

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button