ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прилеп нема да оди во карантин, а Филипче ги искара граѓаните за „црн петок“

Општина Прилеп нема да биде ставена во карантин. Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека по анализата на епидемиолошката состојба било заклучено дека мерките што во моментот се во сила се ефикасни, но граѓаните мора да ги почитуваат. Според него, ефикасноста на мерките се покажува преку сличниот број на случаи изминатите неколку денови. Сепак, тој апелираше до граѓаните да го почитуваат истото што е можно повеќе и за време на новогодишните празници и да избегнуваат семејни дружења. Тој ги осуди собирите во трговските центри поради „црниот петок“.

Градоначалникот на Прилеп очекуваше дека ќе биде прифатено барањето за карантин бидејќи медицинскиот персонал е многу уморен. Сега бара помош од здружението на матични лекари во Прилеп.

Прилеп е втор на листата, по Скопје, според бројот на активни случаи, повеќе од илјада во град од околу 60 илјади жители. Во последните неколку недели во Прилеп имаше дневно и по тројца починати од болеста.

Ei Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button