ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прилеп прв град член на Асоцијацијата за дојдовен туризам

Прилеп се зачлени во асоцијацијата за дојдовен туризам. Прилеп е прв град во Македонија кој стана членка на Асоцијацијата за дојдовен туризам. Има богата фестивалска, културна, световна, археолошка понуда и по пандемискиот период на замирање, сака да ја обнови и да им ја понуди на домашните и на странските туристи.

Гоце Бојкоски од секторот за култура во локалната самоуправа вели дека градот 12-тина години работи на програмата за развојот на туризамот.

 -Бидејќи немаме езеро или море, мора да развиваме алтернативен туризам, фестивалски или културен туризам кој пак е перспективен зашто Прилеп се одликува со големо културно богатство. Тука се бројните цркви и манастири, вели Бојкоски.

Одржан е состанок со сите туристички чинители во градот за да се работи на развојот на туризмот. Милан Велески, туристички водич од Прилеп уверен е дека градот има одлични услови за развој, но потребно е врежување на чинителите во туризмот.

Секогаш сум работел да привлечам повеќе гости, агенции од странство за да го развиеме туризмот во Прилеп и може да кажам дека полека, но сигурно гледаме резултати од работата – истакнување на културното богатство, црквите манастирите, археолошките локалитети кои се посебни и на државно, но и на балканско ниво. На пример, „светата“ населба Варош со бројните цркви и манастири треба неизоставно да се вклучи во туристичката понуда, а е подзаборавена, иако е културно наследство на Пелагоија и на Македонија. Низ Прилеп поминуваат бројни туристи. Токму тука е важноста, да им се понуди посебноста за да останат, смета Велески.

Влатко Сулев, претседател на националната асоцијазија за дојдовен туризам вели дека Асоцијацијата го организира најголемиот настан со промоција на туристичките потенцијали на земјава пред 30-тина странски туроператори. Вклучен е и Прилеп.

-Работиме во секторот на туризмот и веруваме во капацитетите што ги има Прилеп и треба да биде повеќе застапен во програмите кои ги имаат нашите тур-оператори. Прилеп има развиено повеќе фестивали, инвенти и сакаме подобро да се запознаеме со понудата. За нас е најважно да се воспостават поврзувања, колку што може повеќе и бизнис соработки.

Асоцијацијата има преку 200 членови од кои 90 насто, односно 30-тина се од тур-операторите кои работат дојдовен туризам. Покрај тур-операторите се превозниците, хотелиерите и сите кои се дел од туристичкиот синџир. Асоцијацијата е таа која го организира најголемиот настан во нашата држава и оваа година работиме да прерасне во еден во „национален воркшоп“ на кој ќе бидат донесени повеќе од 30 странски туроператори и ќе има промоција на целата наша држава. Сакаме тука и Прилеп да има активна улога. Сакаме трендовите од странство да бидат пренесени на локалните туристички чинители, вели Влатко Сулев, председател на националната асоцијација за дојдовен туризам.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button