ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прилеп, учител по џудо силувал малолетнички, притвор од 30 дена!

Грозоморен чин во џудо клуб во Прилеп. Родители пуштиле малолетни ќерки да ја изучуваат борачката вештина. Но, таму биле сексуално злоставувани од четириесет и шест годишниот тренер. По неколкумесечно страдање, едно од девојчињата расакажало дома низ што поминува. Родителите пријавиле во полиција, а на тренерот веќе му е одреден 30 дневен притвор.

„Осомничениот како тренер по џудо од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години, ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување“, naveduvaat od OJO.

Истрагата допрва треба да покаже дали има и други девојчиња кои биле сексуално злоставувани. Обвинителството го гони тренерот по членот 189 од Кривичниот законик – Обљуба со злоупотреба на положбата. Ако биде осуден, му се заканува казна затвор.

Кривичен законик, Член 189, став 2

„Наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, лекар или друго лице кое со злоупотреба на својата положба ќе изврши обљуба или друго полово дејствие со малолетно лице постаро од 14 години кое му е доверено заради учење, воспитување, чување или нега, ќе се казни со затвор од една до пет години“

Дополнително џудистот – злоставувач ќе одговоара и по член 45 од Кривичниот законик кој се однесува на продолжено кривично дело, оти злоставувањето на малолетничките треаело околу 8 месеци.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button