МАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Приштина сака затворените Косовци од „Диво насеље“ да се префрлат во косовски затвори

Косово официјално побара да ги посети косовските државјани кои се во затвор за случајот Дива Населба. Амбасадата на Косово во Скопје преку Министерството за надворешни работи поднесе барање за посета и да се запознаат со условите во кои овие лица ја издржуваат затворската казна. Информацијата за Алсат ја потврдија од Управата за спроведување санкции. За одговорот јавноста ќе биде дополнително известена. Во меѓувреме, претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска изјави дека Косово ќе ја чека конечната одлука од Врховниот суд, а потоа заедно со Владата во Скопје ќе се работи на можноста косовските државјани да бидат префрлени во Косово за таму да го отслужат преостанатиот дел од казната.

„Видовме дека и самиот премиер Заев изрази спремност за меѓународна истрага, односно за вклучување на експерти од надвор кои би ги споредиле доказите за да помогнат случајот да се расчисти до крај. Во таа насока Косово ќе ја понуди потребната помош. Потребно е да се придвижи соработката, која постои меѓу двете министерства за правда, за процесот институционално да продолжи напред.“

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button