РЕГИОН

Приштина забрани копање криптовалути, за да спречи голема потрошувачка на струја

Владата на Косово денеска забрани производство на криптовалути, соопшти министерот за економија Артане Ризваноли.

Како што пренесуваат косовски медиуми, одлуката е донесена по препорака на Техничкиот комитет за вонредни мерки, кој се занимава со прашањето за снабдување со електрична енергија на Косово за време на енергетската криза.

„Техничкиот комитет, кој беше формиран на крајот на минатата година, одржа два состаноци со цел да се идентификуваат проблемите и да се дојде до решение кога се во прашање негативните ефекти од светската енергетска криза. „Врз основа на препораките, донесовме одлука за забрана на производство на криптовалути на целата територија на Косово“, рече Ризваноли.

Таа рече дека надлежните институции дополнително ќе се ангажираат за да се запре производството на криптовалути на локации за кои постои сомневање дека се причина за големата потрошувачка на струја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button