ВЕСТИРЕГИОН

Прислушувани разговори ја тресат Бугарија

Тајно сниман аудио запис од состанок на функционерите на партијата „Продолжуваме со промените“ на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков кој протече во јавноста го усложни процесот на состав на коалициска Влада. На снимката може да се чуе како би се делеле оставки, како се договара распределба на функции, а лицата кои се споменуваа за идни шефови на службите наводно биле договорени со одредени амбасади. Откако снимката протече, Петков обвини дека подземјето и руското влијание го минираат составувањето на политичка Влада, а веднаш потоа ГЕРБ на Бојко Борисов одлучи да ги замрзне преговорите со Петков за коалиција. Актуелниот технички премиер Галаб Донев повика на сериозност, бидејќи течат последните денови за усвојување на државниот буџет.

„Одмрзнувањето на преговорите за состав на редовна Влада е исклучително важно за бугарските граѓани. Неопходно е да се излезе од ваквата ледена епоха, зашто ние постојано влегуваме од скандал во скандал, а решенијата за бугарските граѓаните остануваат на ниво за кое се одговорни само политичарите“, рече Галаб Донев – технички премиер.

Минатата недела партиите на Петков и Борисов се договорија да состават влада со ротирачки премиери, односно во првите девет месеци премиер да биде предлогот на „Продолжуваме со промената“, а во наредните девет месеци премиерот да биде предложен од ГЕРБ.

„Се надевам дека ГЕРБ нема да ги прекине преговорите. Сметаме дека разумот ќе надвладее и ќе го реализираме вториот мандат..“, рече Николај Минчев – „Продолжуваме со промената“.

Доколку пропадне и овој обид за состав на коалиција, се погласни се најавите дека Бугарите наесен по шести пат ќе гласаат на парламентарни избори, за две години.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button