ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Притвор за двајца осомничени кои неовластено држеле оружје

Основното јавно обвинителство Струга поведе истражна постапка против 55-годишен жител на с. Трапчин Дол, кичевско и 42-годишен жител на с. Франгово, струшко, бидејќи постои основано сомневање дека секој од нив го сторил кривичното дело –  Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 11 мај 2021 година, во Струга и Дебарца, обвинетите неовластено држеле поголемо количество на огнено оружје и муниција која на граѓаните им е забранета. Едниот од нив  во платнена сина торба ставил полуавтоматско кусо огнено оружје пиштол марка Heckler & Koch USP Compact со калибар 9 мм и една хартиена паковка сo муниција за огнено оружје 50 куршуми кал. 9 ммПара, наменета за испалување од огнено оружје – полуавтоматски пиштол и автоматско огнено оружје. Тој оружјето го пренел од Кичево до Дебарца, каде на бензинската станица кај с. Ново Село торбата со оружјето  ја предал  на вториот осомничен кој ја зел со себе и со возило “Мерцедес’  се упатил кон Струга. Набргу бил запрен од страна на полициски службеници.

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Струга го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button