ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Приватните превозници не пријавиле ниту еден продаден билет

Револтот на вработените во две приватни транспортни претпријатија во Скопје, за Данела Арсовска е обид да се сокрие шемата за изнуда на пари од буџетот на Скопје од страна на двајца директори. Таа изразува жалење за вработените кои, според неа, се злоупотребуваат за кревање на тензии во јавноста откако Градот почнал да врши контроли на нивната работа. Арсовска додаде дека „Слобода Превоз“ и „Мак-Експрес“ не ги пријавувале парите од продадените билети , ги ставале во џеб и потоа месечно наплаќале по 400.000 евра од ЈСП Скопје.

Ленин Јовановски порача дека јавноста треба да ги знае вистинските причини за појавата на хаосот во сообраќајот.

Градоначалничката на Скопје нагласи дека „ЈСП Скопје склучува договори со приватните превозници, во случајот „Мак-Експрес“ и „Слобода превоз“, врз основа на кои ЈСП има обврска да им исплати на приватните превозници по едно евро, а сега по зголемувањето на деривати, 1,5 евра по изминат километар. Оваа обврска чини околу 24 милиони денари месечно, но од оваа сума треба да се одземе сумата што приватните превозници ја направиле од продажбата на билети“. Според неа, има и кривично дело даночно затајување.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button