ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведен 26-годишен скопјанец, фатен како превезува мигранти

Приведен 26-годишен скопјанец, фатен како превезува мигранти

Приведен 26-годишен скопјанец кој е фатен како превезува мигранти од Сирија и Авганистан.

Според информациите од МВР, И.Б. бил фатен на автопат А1 во правец Смоквица-Демир Капија, при што во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки превезувал шест лица- мигранти од Сирија и Авганистан.

И.Б. при обид да биде сопрен од полициски службеници, не застанал, и на место викано „Црвени брегови“ со возилото удрил во патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.К. од Гостивар.

Известен е јавен обвинител. И.Б. е задржан во Полициска станица Неготино и по насока на јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 418-б,ст.2 од Кривичниот законик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button