МАКЕДОНИЈА

Приведен дебранец кој физички ја нападнал сопствената ќерка

Приведен дебранец кој физички ја нападнал сопствената ќерка

Полициски службеници привеле жител на Дебар поради семејно насилство.

– Во Одделението за внатрешни работи приведен е С.Б.(67) од Дебар. Тој, претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата ќерка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Тој информираше дека вчера од 17 до 23 часот, на подрачјето на ОВР Дебар извршени се засилени акциски контроли кон возачи на велосипед со мотор, мопеди и моторцикли.

Притоа, полициските службеници регистрирале и санкционирале седум прекршоци сторени од овие возачи, најчесто управување без заштитен шлем, без возачка дозвола и нерегистрирани мотор, мопеди и моторцикли.

– Поради масовното присуство на иселеници,  на ова подрачје за неколкупати е зголемен бројот на возила а со тоа и фреквенцијата по патиштата. Апелираме до возачите на мотори и други моторни возила, внимателно да  ги управуваат возилата и доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи- апелира Димоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button