ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец баран по потерница за доиздржување казна затвор

Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар при Бирото за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи, вчера околу 14:00 часот во скопското село Арачиново, го лишиле од слобода С.А.(33) од с.Арачиново.

-За него била распишана централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од четири години и десет месеци за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Исто така, за него биле распишани и два централни расписи поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 288 и член 386 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button