ВЕСТИРЕГИОН

Приведен поранешниот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот експремиер, Бојко Борисов, вечерва бил приведен од страна на полицијата во заедничка голема акција на европското обвинителство и националната полиција, пренеусва Бгнес.

Покрај Борисов, приведени биле и министерот за финансии во владата на Борисов, Владислав Горанов, поранешната шефица на Комисијата за буџет во бугарскиот Парламент, Менда Стојанова и портпаролката на Борисов, Севдалина Арнаудова.

Од партијата на Борисов, ГЕРБ, за бугарските медиуми велат дека тие не биле приведени, туку дека бил извршен претрес во нивните домови.

Според бугарското МВР Борисов и другите поранешни бугарски функционери можат да бидат задржани во првитвор до 24 часа, а за подолго ќе треба да одлучува Обвинителството.

Во врска со ова се огласи и бугарскиот премиер Кирил Петков на социјалните мрежи.

„Никој не е над законот“, напиша Петков кратко на Фејсбук.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button