МАКЕДОНИЈА

Приведен возачот кој синоќа прегази жена во центарот на Охрид

Полицијата го приведе возачот кој вчера прегази жена на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Advertisements

Секторот за внатрешни работи – Охрид во денеска објавеното соопштение за несреќата појасни дека незгодата се случила во 22.30 часот на кружниот тек кај пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“.

Според деталите, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од прилепското село Пашино Рувци, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје.

Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, каде лекар констатирал смрт.

Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник К.М.(19), констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. е лишен од слобода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по член 300 став 2 од Кривичниот законик, соопшти СВР Охрид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button