МАКЕДОНИЈА

Приведен жител на Вевчани поради смртни закани кон Пендаровски и Заев

Полицијата синоќа го приведе 45 годишниот жител на струшко Вевчани со иницијали Г.П, кој на социјалните мрежи се закануваше со убиство и смртни закани, на премиерот Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски. Исто така од видеото може да се види дека тој упатува и недолични зборови и до министрите во Владата. Според МВР, тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

„Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Не е првпат ова лице на овој начин да се однесува и да објавува видеа на социјалните мрежи вели градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанковски. Тој на почетокот на пандемијата, во април минатата година, упатил недолични зборови за семејството на градоначалникот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button