ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведени 13 лица на две домашни забави во Скопје – не ги почитувале мерките за заштита од ковид-19

Министерство за внатрешни работи информира дека на 17.01.2021 во 02.45 часот, по претходно добиени сознанија дека во стан на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје има гласна музика и не се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Притоа, во станот бил затекнат сопственикот и К.Д.(33), Ф.Т(25), С.С.(27), Е.Ј.(26), Е.Р.(35), Р.М.(29), Т.Т.(26).

Во истиот период, во координација со Јавен обвинител, од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и интервентната полиција, во стан на ул.„Елисие Поповски Марко“ биле затекнати пет лица кои правеле забава, и тоа К.З.(20), Б.Л.(20), Р.А.(20), С.К.(21), сите од Скопје и В.П.(20) од Битола.

Сите 13 лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button