ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведени три лица од гостиварско поради трговија со кокаин

Припадници на гостиварската полиција синоќа во полициска акција привеле три лица, под сомнение за илегална трговија со кокаин.

– Во 21.30 часот во Гостивар, вчера од страна на инспектори од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар лишени од слобода се К.М.(30) и К.О.(20) од Гостивар и О.С. (19) од  с. Горна Бањица, гостиварско поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“, информираат од МВР.

Имено, при преглед кај К.М. биле пронајдени пет пакувања кокаин, кој сакал да им го продаде на К.О. и С.О. Сите тројца биле приведени во Полициска станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 и член 216 од Кривичниот законик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button