ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведени тројца дилери додека продавале дрога

Три лица, улични дилери на дрога, се приведени доцна синоќа во Градскиот парк во Скопје. При извршен претрес кај лицата А.Р.(23), А.О.(21) и 17 годишен малолетник сите од Скопје пронајдена е поголема количина на марихуана како и една дробилка.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button