ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведени тројца дилери од Битола, кај нив била пронајдена дрога

Приведени тројца дилери од Битола, кај нив била пронајдена дрога

Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишија од слобода Е.А. (18), К.У.(20) и еден малолетник, сите од Битола кај кои е пронајдена дрога.

Претресот е извршен на улица „Кочо Рацин“ во Битола каде при преглед, кај нив биле пронајдени и одземени четири најлонски ќеси со марихуана, две дигитални ваги и други предмети.

Привдените беа задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, потврдија од СВР-Битола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button