ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведено лице од Куманово по распишана потерница

На 15.07.2021 во 22.00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, бил лишен од слобода Р.О.(32) од Куманово, затоа што по извршена контрола било констатирано дека се барал по потерница од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение потраги за издржување казна затвор од две години и шест месеци, за сторено кривично дело по чл.236 став 1 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button