ВЕСТИ

Проблем со кучиња скитници во Тетово

По неуспехот на регионалниот проект за третман на кучињата скитници во Полошко, општините ги засукаат ракавите за локални решенија за овој проблем. Решението овојпат нема да биде како во минатото, особено во Тетово, вели градоначалникот Билал Касами, кога општината одвојуваше десетици илјади евра годишно додека проблемот се уште беше нерешен. Никогаш не се ни знаеше кога и колку скитници биле третирани, поради недоволната контрола од страна на општината. Од општина Тетово велат дека ја разгледуваат можноста проблемот со кучињата скитници да се реши не само преку центарот за третман на кучиња туку и нивно посвојување од жителите.

„Она што го имам како информација од добивањето на мандатот, е проблематично, бидејќи имало договор за некаде околу 50.000 евра и тие услуги биле извршени предвреме, а нема јасен извештај каква работа е направена и кој го надгледувал тој процес. Поставив многу директни прашања до компанијата која го надгледуваше овој процес за исполнување на обврските кои произлегуваат од договорот и следствено на плаќање на обврските и не добив одговор. За жал, ова е еден од многуте случаи каде што договорите треба да се ревидираат доколку не се направени во согласност со законот“, изјави Билал Касами. Градоначалникот на Тетово

Запрашани за сомнежите на Касами, од компанијата што две години третирала кучиња скитници во Тетово, велат дека општината издала средства за третирање само на 250 кучиња, додека на улица има над 600. Од компанијата истакнаа дека од 2018 година, претходниот состав на општина Тетово нема уплатено пари на сметката на фирмата.

Истиот проблем го има и општина Гостивар. Првиот човек на општината Арбен Таравари рече дека за решението да биде долгорочно, проблемот треба да се решава на регионално ниво.

„Овој проблем е уште потежок кога се во прашање руралните општини, поради високите трошоци за годишно третирање на кучињата скитници, во споредба со малите буџети што ги имаат нашите општини“.
Жител „Опасност има во секој момент, ниту стари ниту деца не можат сами да поминат. Како да кажам, не можеме удобно да спиеме, не е добро децата се во опасност кога ќе излезат од вратата од куќата“.
Жител „Секој ден се повеќе се собираат, дури и влегуваат во дворови, учениците се таму, се плашиме. Сум имал случаи кога биле нападнати деца, а ние бегавме и ги спасивме.“

За решавање на проблемот преку изградба на регионален центар за третман на кучињата скитници, УНДП и швајцарската влада одвоија средства за овој проект, но планскиот регион на Полог не успеа да ги искористи овие средства. /Алсат.мк

Башким Сулејмна

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button