ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Проблеми со онлајн уписот

Онлајн уписот во средните училишта се соочува со проблеми

Онлајн уписот во средните училишта и понатаму се соочува со препреки. Системот за онлајн апликации беше блокиран и потешкотии имаше во стручното училиште „8 Септември“ во Скопје.

„Имавме проблем при пријавувањето на учениците, причина беше големото оптоварување на системот. Ова главно се случуваше првиот ден, вториот ден беше подобро, и денес имавме некои ученици кои не можеа да се пријават од дома, дојдоа во нашето училиште и се пријавија со помош на нашите професори. И денес имавме такви проблеми но тие беа кратки и беа надминати“, рече Фитим Аџами, помошник директор С.У „8 Септември.

Но, според министерот за образование, Јетон Шаќири, системот за онлајн аплицирање е успешен бидејќи досега преку 14.500 ученици се пријавиле онлајн, а преку овој систем се примени околу 11.000 ученици со тестирање.

„Треба да се поздрави и мило ми е што повратните информации се позитивни, имало случаи кога поединци имале потешкотии, , но секој процес има потешкотии“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование.

На огласот за средни училишта, за новата учебна 2022-23 година се предвидени 30 илјади слободни места за полуматуранти во гимназија и стручните насоки./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button