ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Проблемот со рестрикциите за вода во Струга нема брзо да се реши

Проблемот со водата во Струга нема да се реши до почетокот на летото. Ова го потврдуваат и од „Водовод и канализација“ од каде додаваат дека на маса се разгледувале неколку опции – едната е вода да се зема од  Охридското езеро, за што треба да се изработи проект а потребна ќе биде и помош од државата и вториот – да се отворат поголеми бунари од каде би се црпела вода.

 

„Можеби нема да се реши тотално, бидејќи е долгорочен проблем и бара повеќе време. Но ние освен овие мерки, знаеме дека има и злоупотреба на водата. Затоа ќе има екипи, кои се формирани и ќе почнат да функционираат од март. За сите лица или компании кои ја злоупотребуваат водата во Струга, ќе се преземаат строги мерки. Ќе има и трет надзорен тим, кој ќе ги контролира сите. Експертите сметаат дека 30% од водата се злоупотребува и тоа не е малку. Со тоа ќе се реши голем проблем“, изјави Дашмир Насуфи-директор на Вододод и канализација Струга.

А, токми секое лето Струга има недостаток на вода. Но овој проблем до израз дојде оваа сезона и во текот на ноември и декември, кога поради слабиот доток на вода од изворите, преку ден притисокот беше многу слаб, а во периодот од 22 часот до пет часот наутро воопшто немаше вода. Граѓанските активисти бараат итно решение зашто велат загрозено е основното право на чиста вода за пиење.

„Да не се чека до лето за оттогаш да се почне па натаму. И доколку е можно да не служи решавањето на прашањето со водоснабдувањето да се искористи за политички маркетинг, па да треба ние да ги чекаме локалните избори. Сметам дека треба побргу да го направат тоа, а не овој наш општ проблем, да го материјализираат“, рече Васко Јолески, граѓански активист.

Проблем е и заматувањето на водата при секој пообилен дожд.Од Центарот за јавно здравје во Охрид велат, дека водата не смее да се користи за пиење или за  одржување на лична хигиена се додека матноста не се стабилизира, а микробиолшките анализи ќе биле готови на 18 јануари.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button