ВЕСТИЗАБАВА

Продаден мечот на Наполеон со кој го предводел државниот удар

Мечот што го носел Наполеон Бонапарта кога го извршил државниот удар во 1799 година и пет други парчиња од неговото оружје се продадени на аукција во САД за повеќе од 2,8 милиони долари.

Предметите понудени од аукциската куќа „Rock Island Auction Company“, со седиште во Илиноис беа продадени на 3 декември по телефон на купувач кој останал анонимен, изјави за AFP претседателот на компанијата Кевин Хоган.

Оружјето го изработил Николас-Ноел Буте, кој тогаш бил менаџер на државната фабрика за оружје во Версај.

Се верува дека по неговото крунисување како император, Наполеон му го подарил мечот на генералот Жан Андош Жуно, но сопругата на генералот подоцна била принудена да го продаде за да ги отплати долговите.

Американски колекционер бил неговиот последен сопственик, но човекот починал неодамна, според аукциската куќа.

Славниот Корзиканец е еден од луѓето во француската историја кој предизвикува најголеми поделби, бидејќи на неговиот огромен придонес во создавањето на модерна држава се спротивставува неговиот империјализам и поттикнување војна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button