ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продавниците за училишен прибор денес беа полни со ученици

Продавниците за училишен прибор денес беа полни со ученици. Ден пред почетокот на новата учебна година, децата купуваа тетратки, моливи, училишни ранци.

 

„Ќе ги купам сите работи што ни се потребни за училиште. Едвај чекам да одам на училиште“.

И покрај доцнењата во подготовката, учениците се задоволни што почетокот на новата учебна година ќе започне со физичко присуство.

„Подготвена сум за на училиште и многу сум среќна што ќе одам на училиште. Досега не сум купила ништо бидејќи учителката сe уште не ни кажала што е потребно. Утре, откако ќе ни каже учителката, ќе ги купам работите. Многу сум возбудена и едвај чекам да ги видам другарите и другарките.

Ќе купам нова чанта и тетратка, што ќе ни кажат учителките тоа ќе купиме “.

Подготвен сум, некои работи ќе ни кажат да ги купиме. Подобро е во училиште, поактивни сме, учиме, се дружиме, имаме другари и другарки и учиме подобро.

Новата учебна година ќе започне на 1 септември, со физичко присуство со исклучок на средните училишта во Тетово и Гостивар, кои поради ситуацијата со „Ковид-19“ наставата ќе ја следат онлајн.

 

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button