ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжен притворот за Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува уште 30 дена во притвор. Кривичниот суд одлучи да му ја продолжи мерката и тој да истане зад решетки иако понуди гаранција за да ја напушти Шутка.

Орце Камчев е осомничен во случајот „Плацеви на Водно“, коешто го води Обвининителството за организиран криминал и корупција, а се однесува на купопродажба на атрактивно земјиште на падините на Водно. Освен Камчев, во овој случај осомничени е и Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Орце Камчев е во притвор од 14 март, откако Агенцијата за национална безбедност состави службена белешка со информација дека Камчев подготвува бегство во соседна Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button