ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжениот викенд направи „чистка“ на хаосот на улиците

Улиците на главниот град, каде што во текот на работните денови се создаваа долги редици беа празни и сè беше помирно. Многу граѓани одлучија да ги посетат соседните земји за продолжениот викенд.
„Со оглед на олеснување на мерките, продолжениот викенд и топлото време, многу граѓани брзаа кон соседните земји. Оние кои не заминаа, решија да поминат дел од денот во парк“.

Во текот на последните 24 часа, како што информира Министерството за внатрешни работи, над 25 илјади граѓани ја напуштиле државата.

Излез / Гранична точка
-Кафасан- 5354
-Свети Наум -332
-Блато -1048
-Богородица -7394
-Табановце -10 950
Еден од граничните премини каде се чекаше до два часа за да се напушти земјата беше Табановце. Граѓаните заминаа за Србија, едни на одмор, а други да се вакцинираат. И на граничниот премин со Грција ситуацијата не беше многу поинаква. Откако соседната држава ги олесни ограничувачките мерки за граѓаните на Северна Македонија, многу граѓани се насочија кон грчките плажи. Грчките власти соопштија дека за влегување на нивна територија нема да бараат негативен тест, туку само брз тест. Влезот ќе биде можен за вакцинираните граѓани.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button