ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Продолжува одливот на мозоци од земјава

Младите мигрираат од Македонија поради политички и економски причини. Во моментов околу 150 илјади лица се евидентирани како невработени. Објавувајќи ги податоците од негова анализа, ректорот на УМТ Изет Зеќири, рече дека повеќето од нив со години чекаат вработување и тоа:

2 625 невработени чекаат 2 години,
13 847 невработени чекаат 3 години,
75.589 невработени чекаат работа повеќе од 4 години,

22.351 лице со високо образование со години чекаат работа.

Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ потенцира уште една загрижувачка појава, а тоа е фактот што огромното мнозинство се невработени или:

20.402 невработени се на возраст од 20 до 24 години,
24 913 невработени се на возраст од 30 – 34 години и
21 813 невработени во моментов се потенцијални лица да ја напуштат државата.

Според Зеќири, за неколку години од земјава си заминале над 2.000 лекари, а државата изгубила над 100 милиони евра. Од нив корист имаа и странските земји.

Тој рече дека Универзитетот „Мајка Тереза“ започнал проект за враќање на образовниот кадар, на кои им се дава можност да придонесат за својата татковина.

„Со оглед на фактот дека моментално во емиграција се 600 илјади луѓе, каде што огромно мнозинство од иселениците се со високо образовани, што значи одлив на мозоци и врз основа на анализите што ги направивме поради штетите и можностите за овој процес, ние како универзитет сме многу заинтересирани да вратиме дел од кадарот, на професори, кои работат низ целиот свет, професори кои работат во индустријата, да придонесат на различни начини, било преку настава или преку истражување, учество во проекти на Универзитетот „Мајка Тереза“, рече Изет Зеќири, ректор на УМТ.

Министерот за образование, Јетон Шаќири, вели дека за време на летниот распуст ќе се сретне со стипендистите регистрирани во странство.

„Ќе се обидам во текот на јули, кога сите ќе се вратат од каде што отишле, за време на одморот да се сретнам, и ќе ги поканам сите ректори и сите универзитети да ги видат нашите студенти, да разменат искуствата, бидејќи имаат насоки и програми кои исто така се дефицитарни, но имаат и искуства за нашиот образовен систем“, рече Јетон Шаќири, министер за образование.

„За да го вратиме нашиот образовен кадар кој е надвор од државата, треба да ја промениме и атмосферата и условите, за да го подобриме ова место да биде попривлечно за нив што се надвор од СРМ, и да ги вратиме овде“, рече Адмирим Алити, министер за информатичко општество.

На тркалезната маса на оваа тема одржана во УМТ, од надлежните беше побарано итно преземање мерки за спречување на одливот на мозоци, создавање стабилност и легитимитет на институциите, зголемување на инвестициите и отворање нови работни места.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button