ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Продолжува расправата во Собранието по дополнетиот предлог-буџет за 2021

Во Собранието денеска треба да продолжи расправата по дополнетиот предлог буџет за 2021 година. Ова е втор ден. Расправата на пленарна седница трае најмногу пет работни дена, по што се гласа по предлогот.

Во дополнетиот предлог, што е пред пратениците, се содржани 18 амандмани прифатени во расправата пред матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Дополнетиот предлог буџет, според министерот за финансии Фатмир Бесими, е реален и во него се алоцирани средства онаму каде што ќе дадат најдобар ефект и резултати.

За опозицијата тој нема да ги даде очекуваните резултати. Нема да донесе подобро здравство, пофункционално образование, изградба на патишта и железници и реализација на проекти со кои ќе се поттикне економскиот раст. Според опозицијата, ќе продолжат и задолжувањата и непродуктивните трошоци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button