ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува сагата за печатите на партијата Алијанса за Албанците

Судот во Тетово пресуди дека печатите на Алијансата за Албанците му припаѓаат на Зијадин Села. По одлуката со која Апелација претходно ја поништи првостепената одлука, истата инстанца повторно пресуди во корист на Села.

Advertisements

„Очекуваме дека дури и во втор степен ќе го добиеме ова прашање, и за волја на вистината штом ова прашање добие епилог, веруваме дека најочигледно ќе биде политичкото дејствување не само на АА, туку и за сите партии во Северна Македонија. Постои тенденција да се воведе политички хаос во албанските партии“, рече Села.

Крилото на Арбен Таравари одлуката на Судот ја нарече „скандалозна“. Според нив, скандалозната одлука на судијата Илир Реџепи ќе се најде повторно во Апелациониот суд

„Скандалозната одлука на судијата Реџепи повторно ќе биде поништена во Апелациониот суд. До конечна одлука го оставаме Села и неговата клика да бидат задоволни од имагинарните одлуки на судијата Реџепи и Али Ахмети“, рече Арбен Фетаи, Алијанса за Албанците.

Спорот околу сопственоста за Алијанса за Албанците, започна пред една година, поточно на денот кога Таравари одлучи да се исклучи од процесот за обединување на АА со Европскиот фронт, и одлучи да се приклучи на опозицијата која, според него, донесе промена и ротација на власта. И Села и Таравари организираа партиски конгреси.

Во едниот, Таравари беше реизбран за претседател, додека другиот го врати Села на врвот на партијата. Села претходно му го препушти местото на Таравари. Партиите разменија обвинувања за вршење притисок врз судиите и нивно менување со цел донесување одлуки во корист на субјективни интереси.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button