ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува состанокот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања

Денеска во Скопје продолжува состанокот на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања, откако вчерашниот состанок во однос на содржината на учебниците за седмо одделение во Северна Македонија заврши без конкретен договор.

По вчерашниот состанок, македонските претставници во Комисијата оценија оти средбата била позитивна, имало конструктивни дискусии, но засега не е постигнат никаков договор.

Македонскиот претставник и копретседател во Комисијата, Драги Ѓорѓиев по вчерашната средба изјави дека се дискутирало само за учебниците, а дека биле запазени нашите интереси, но сепак, не кажа дали се очекува денеска да биде донесена некаква конкретна одлука по однос на ова прашање.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button