ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната на Спиро Ристовски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

На денешното рочиште повикани се повеќе сведоци, меѓу кои поранешните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сокол Митровски, Тони Трајковски и Ивица Коневски, како и екс министерот Владо Мисајловски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button