ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Продолжува судењето за „Титаник“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник”.

Овој судски предмет иако е едно од првите обвиненија поднесени од поранешното СЈО, се уште е во фаза на доказна постапка.

Обвинението за „Титаник“ го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button