ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат преговорите меѓу СОНК и владата

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука денеска, како што најави претседателот на СОНК Јаким Неделков, треба да ги продолжат преговорите со помош на медијатор. Според него, денеска биле можни конкретни одговори на нивните предлози.

„Сите имаме очекувања да излеземе од овој штрајк со позитивен резултат и не како победници, туку како социјални партнери, кои ќе најдат заеднички прифатливи решенија, каде што нема да има победници и губитници, изјави тој по преговорите одржани во средата. Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите и ако во текот на тој рок не се постигне договор, додаде Неделков, преговорите ќе мора да се продолжат за уште десет дена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button