ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат реакциите за сечењето на дрвјата во населбата „Дебар Маало“ во општина Центар

Сечењето дрвја од Град Скопје на улицата Орце Николов е законска повреда, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ. Градот Скопје, според опозицијата, имало дозвола да исече само три дрвја на дел од патот, а исечени се вкупно 13.

Сепак, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вели дека е направена претходна анализа врз основа на која е заклучено дека дрвјата се болни. Според него, истите требало да се сечат за да не претставуваат опасност за граѓаните. Шилегов вели дека не гледа причина зошто да се објави документацијата, бидејќи секој заинтересиран може да побара пристап до неа.

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, коментирајќи ја ваквата акција на Град Скопје, рече дека како министерство ги охрабрува општините за повеќе зеленило, а не за сечење дрвја.

„Ако граѓаните не дадат согласност, тогаш тоа не треба да се случи. Ние како министерство, секако, промовираме повеќе зеленило и општината, се разбира, треба да го поттикне ова. Ги охрабруваме општините за повеќе зеленило, а не да сечат дрва. ”

Оваа акција на Град Скопје ги револтира граѓаните кои велат дека се исечени најубавите дрвја во име на бетонирање. Според нив, не се исечени само оштетените дрвја, туку и здрави.

Evi Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button