ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат судирите на СДСМ и ВМРО за „Делчевските парцели“

Продолжуваат судирите на СДСМ и ВМРО за „Делчевските парцели“

Продолжуваат судирите меѓу власта и опозицијата за потенцијално коруптивната афера со плацовите за фотоволтаици кои ги купила ЕВН. Од СДСМ велат дека 6 од 7 осомничени во аферата се тесно поврзани со ВМРО на Мицкоски. Тие за 1,6 милиони евра му продале на ЕВН земјоделско земјиште за изградба на фотоволтаици преку евентуална измама.

Кривичниот суд синоќа им одреди притвор на шест од осомничените седум лица. За еден од нив има куќен притвор, а за последниот друга мерка за претпазливост. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вели дека никој не треба да биде над законот.

Станува збор за продажба на парцели во делчевско кои ЕВН ги купи за повеќе од 1,6 милиони евра, иако нивната пазарна вредност не надминува 35.000 евра. Скопското обвинителство отвори истражна постапка, по пријава на Управата за финансиска полиција. Двајца од осомничените се раководители во ЕВН Македонија – Игор Гиевски и Мирослав Митровски. Според истражните органи, тие го измамиле Управниот одбор на компанијата да купи земјоделски парцели за на нив да се постават фотоволтаици за производство на струја од сончева енергија. Но, намената на земјиштето не можела да се смени. /Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button