ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат засилените полициски контроли, за еден ден казнети 157 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, 16 за користење на мобилен телефон, четири за возење под дејство на алкохол. Изречени се 11 санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 41 мерка за непрописно паркирани возила и 31 прекршок направен од страна на пешаците. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button