МАКЕДОНИЈА

Проф. Петрески: Државната помош за приватните компании доделена преку Планот за економски раст е неефективна

Од дванаесет мерни параметри, резултат од добиените владини пари преку Планот за економски раст, се забележани само во еден. Податоците се добиени врз база на студија изработена со цел да се утврди дали и колкава економска корист имале приватните компании кои добиле пари од државата. На оваа тема, вечерва во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат зборува професорот Марјан Петрески.

„Заклучоците се дека помошта којашто е доделена преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите е главно неефективна. Затоа што техниката преку којашто тоа го испитуваме покажува дека тие постигнале само кај еден од дванаесет индикатори, а тоа е кај вработеноста“, вели професорот Петрески.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button