ЗДРАВСТВО

Професори од клиниките им дадоа поддршка на специјализантите

Специјализантите не се откажуваат од своите барања. Околу три месеци протестираат за здравствено осигурување, покачување на платите и усогласување на работниот статус. Велат дека ќе протестираат секој вторник, додека не се исполнат нивните барања.

Во нивна поддршка излегоа и професори кои работат НА клиниките. Велат дека нивните барања се легитимни.

Околу 400 специјализанти претходно штрајкуваа и воопшто не се појавија на работа. Минатиот месец тие се вратија на работните места во интерес на пациентите, но истакнаа дека ќе продолжат со протестите. Во моментов добиваат околу 26.000 денари месечно, додека бараат да имаат приход на ниво на просечната плата на лекарите во јавните здравствени установи.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button