РЕГИОН

Прогласен е ден на жалост поради смртта на осуммината млади луѓе во БиХ

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина на денешната вонредна седница донесе одлука 4 јануари да се прогласи за Ден на жалост поради трагедијата во Трибистово, во општина Посушје, во која загинаа осум млади лица на Новогодишната ноќ.

На Денот на жалост, нема да може да се одржуваат културни и забавни програми на јавни места во БиХ, а знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, пренесува Танјуг.

Во трагедијата во Посушје загинаа осум млади луѓе на возраст од 18 до 19 години, кои се задушија со гас  во куќа во која ја славеле Нова година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button