ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Пролетните алергии ги нападнаа децата и чувствителните, киваат, кашлаат…

Црвенило во очите, солзење, кивање, кашлање. Сето ова може да биде аларм за пролетна алергија која е резултат на цветањето на растенијата. Овие алергии можат да ги погодат сите возрасти, но особено децата со слаб имунитет. Ако на време не се преземат мерки, може да се појават проблеми со дишењето и астма, по што би следувале неколкунеделни хоспитализации. На Институтот за белодробни заболувања во Козле на дневна основа на преглед доаѓаат околу 50 деца со вакви проблеми, а во текот на годината се хоспитализираат околу 300 деца како резултат на проблеми предизвикани од пролетните алергии.

Ако не може да се спречи или да се дадат лекови кои ги ублажуваат симптомите, тоа често доведува до респираторни инфекции и може да доведе до бронхијална астма, каде што последиците се потешки за лекување. Најкомплицираните случаи се оние кои доаѓаат со бронхијална астма, која е многу напредна фаза на алергија и тие треба да лежат во болница и треба подолг временски период за да се вратите во секојдневниот живот – изјави Бесник Зеќири, Директор на Институтот за белодробни заболувања КОЗЛЕ.

Според директорот на Институтот, носењето маска може значително да спречи навлегување на алергени во дишните патишта.

Студии се направени низ целиот свет и се покажа дека маската кај децата спречува алергии околу 75% ако носите маска што се лепи на лицето, а не хируршки маски. Тие се маски KN95 или FFP3, тие се најдобри и спречуваат поленот да навлезе во носот или устата. Деца кои имаат алергија, добро е во ова време да носат маски што ќе спречат поленот, односно алергенот да влезе во телото на децата – рече Бесник Зеќири, директор на болницата Козле.

Во моментов, децата со потешки проблеми предизвикани од сезонските алергии и астма се лекуваат на Клиниката за детски болести во Скопје, бидејќи Институтот во Козле е трансформиран во ковид-центар за возрасни, а ќе се врати во нормала од утре.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button