ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променливо и нестабилно време до недела

До сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Утре се очекуваат пообилни количини воден талог, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата. И во Скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button