ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променливо облачно и студено, наместа со ветер од над 80 километри на час

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и студено со засилен до силен ветер од северен правец, кој локално ќе достигне брзина и над 80 километри на час. Во утринските часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во текот на денот ќе провејува слаб снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус четири до шест Целзиусови степени, максималната температура ќе достигне од пет до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со засилен северен ветер, кој ќе надминува брзина над 60 километри на час. Максималната температура ќе достигне до девет Целзиусови степени.

Во следните денови, како што информираат од УХМР, времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button