ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 23 степени.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови и за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град. Од вторник ќе настапи стабилизација со пораст на дневната температура.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button